Octenisept

Безбоен антисептик за слузници и рани

  • Широк спектар на антисептична активност
  • Брз почеток на ефектот после 1 минута
  • Продолжено дејство
  • Не се ресорбира à нема ситемски несакани ефекти
  • Не постои опасност од развој на резистенција
  • Ефективен во присуство на интерферирачки супстанции (на пр: крв, слуз)
  • Многу добра подносливост со кожа, мукозни мембрани и ткива
  • Оптимално влажнење на мукозната мембрана
  • Не формира цитотоксични комплекси на местото на делување
  • Ја помага гранулацијата 
  • Не предизвикува несакани ефекти врз микроциркулацијата
  • Може да се користи во сите фази на заздравување на раните
  • Погоден за предвремено родени бебиња, доенчиња и мали деца
  • Погоден за трудници и доилки
  • Извонредна локална подносливост, без болка и иритација 
  • Не содржи јод

Места на примена:

  • Третман на рани: антисептичен третман на трауматски, акутни, хронични и хируршки рани и изгореници.
  • Антисептик за мукозни мембрани:
  • Пред дијагностички и оперативни интервенции во ано-гениталната и уро-гениталната регија-вклучувајќи вагина, вулва, главичка на пенисот (на пр: преднатални, интранатални и постнатални манипулации, за послеоперативно или после породилно вагинало туширање, пред вагинални и транс-вагинални прегледи, пред андролошки прегледи, пред процедурите за инсиминација и вештачко оплодување и кај мажот и кај жената, пред внесување на спирала (ИУД), пред уништување на хемороиди).
  • Предоперативна антисепса на кожа
  • Пред катетеризација на мочниот меур.
  • Пред дијагностички и оперативни интервенции во оралната регија (на пр: пред екстракција на заби или абразија)
  • Антимикробно премивање на целото телото на МРСА колонизирани пациенти.
  • Адјувантна терапија на габично заболување на кожата помеѓу прстите (на пр: атлетско стопало).

Начин на употреба:

Површините на мукозните мембрани и кожата која треба да се третираат мора целосно и поеднакво да бидат навлажнети со антисептикот.

Метод на нанесување со тупфери: Да се втрие на потребната област со заситени (сатурирани) тупфери со Octenisept®. Заради својата анатомската и физиолошката состојба овој метод се препорачува за мукозните мембрани.

Спреј метод: Во поединечни случаи Octenisept® може да се испрска дирекно на достапните подрачја на кожа и мукозните мембрани. Да се внимава сите подрачја да бидат рамномерно навлажнети.

Испирање: Octenisept® може исто така, да се користи за орално, вагинално испирање и испирање на рани.

Пакување:

  • Octenisept 50 ml пластично шише со распрскувач
  • Octenisept 250 ml пластично шише
  • Octenisept 500 ml пластично шише
  • Octenisept 1 L пластично шише
image

Производител