За нас snippet

За Компанијата

ПФЦ Траде од Скопје е основан 1992 година како приватно претпријатие. Дејност на претпријатието е трговија на големо со лекови, медицински помагала и хемикалии.

ПФЦ Траде е застапник и дистрибутер на светски реномирани производители меѓу кои спаѓаат: Dr. Falk Pharma, Medi-Globe GmbH, Schülke, Arcana и JEM Medical.

ПФЦ Траде од 1994 година е застапник и дистрибутер на реномираниот производител на лекови од Германија, Dr. Falk Pharma, специјализиран за гастроентерохепатолошки заболувања.

ПФЦ Траде од 1995 година во Македонија е застапник и дистрибутер и на професионални средства за чистење и дезинфекција на реномираниот производител на фармацевски производи, медицински помагала и биоциди, Schülke од Германија. Компанијата ги поседува следниве сертификати: GMP, ISO 9001, ISO 13485, Directive 93/42/EEC Annex II, EMAS II (EG Nr. 761/2001) сертификат за заштита на животната средина, ISO 14001.

ПФЦ Траде од 1997 година е застапник и дистрибутер и на фабриката JEM Medical и нејзините тестови за хелиобактер Pronto Dry.

ПФЦ Траде од 2006 година е застапник и дистрибутер на производите на реномираната фабрика Medi-Globe GmbH, која произведува медицински помагала.

ПФЦ Траде од 2008 година започнува и со дистрибуција на професионални средства за дезинфекција и чистење од програмата Arcana на производителот Schülke, која е високо специјализирана за употреба во индустриите за производство и преработка на храна, објекти од јавен карактер, хотелските и угостителските објекти, училишта, трговски центри, деловни згради итн. Компанијата работи согласно сите германски стандарди, како што се DGHM, VAH, DVV, DVG, RKI, а производите ги исполнуваат и сите меѓународни (европски) стандарди.

За производите кои ги дистрибуира на македонскиот пазар, ПФЦ Траде поседува соодветни сертификати за квалитет и здравствена исправност, како и решенија на производите за пуштање во промет од овластените македонски институции.

image