Schülke
Kodan coloured/colourless
Готов за употреба антисептик за кожа за предоперативни зафати како и пред земање на крвни примероци и давање на инекции
- широк спектар на антисептичен ефект
- брз ефект ( 15 сек. пред инекции)
- многу добра кожна подносливост
- без негативни ефекти врз заздравувањето на раните
Места на примена:
- Антисептичка обработка на кожа пред оперативни зафати, инекции и земање на крвни примероци, пукнции како и ексцизии,канилирање и биоспсии
- Антисептича грижа на рани и шевови
- Хигиенска дезинфекција на раце (само безбојниот - Kodan® Tincture Forteцолоурлесс)
- Одржување на општи хигиенски мерки за превенција од габични инфекции на кожата
Начин на употреба:
Антисептичка обработка на кожа пред операции, инекции, земање на крвни примероци, пукнции, ексцизии и др:
Кожата која треба да се третираат да се избрише со натопен тупфер со неразреден Kodan® Tincture
Forte или да се испрска со Kodan® Tincture forte, и притоа да се запази контактното време на делување од 15 секунди. Ако се користи пред глукозен тест (тест ленти за глукоза), потребно е препаратот целосно да се исуши,
со цел да се избегне влијанието врз резултатите од тестот.
Антисептичка обработка на кожа пред пункција на зглобови и пред оперативни зафати :
Доколку е потребно од деловите на кожата најпрво се одстрануваат влакната.
Да се избања или испере пациентот
или кожата која треба да се третира (на пример со Esemtan®), најмалку еден час пред дезинфекцијата на кожата, доколку е можно.
Да се нанесе Kodan® Tincture forte со стерилен тупфер или дирекно да се испрска.
Ако се користат оперативни фолии, пред поставување на фолијата Kodan® Tincture forte мора да се исуши, со цел да се избегне недоволна адхезија.
Третман на рани и шевови:
За третман на рани и шевови Kodan® Tincture forte може да се нанесе со стерилен тупфер или дирекно да се испрска. За хируршките шевови се препорачува нанесување со помош
на стерилен тупфер.
Хигиенска дезинфекција на раце:
При хигиенска дезинфекција на раце, рацете треба да се чуваат навлажнети со препаратот во тек на препорачаното контактно време од 30 секунди.
Пакување:
- Kodan® Tincture forte 500 ml
- Kodan® Tincture forte 1 L