Gigasept AF forte

Gigasept® AF forte е безалдехиден препарат за дезинфекција на медицински инструменти и помагала кои се користат во хирургија, анестезија и нега (CE 0297)

Основни карактеристики

  • Ги задоволува новите стандардни методи и Европските стандарди, докажан широк спектар на дејство
  • Туберкулоциден, микобактериоциден
  • 7 дена постојаност на приготвениот раствор за употреба
  • Многу пријатен мирис, бидејќи не содржи алдехиди
  • Погоден за употреба во ултразвучни бањи
  • Кратко време на контакт, дури и при повисоки оптеретувања, благодарение на оптимизираниот состав

Места на примена:

Дезинфекција и чистење на цврсти и флексибилни ендоскопи, прибор за анестезија, маски за дишење, хируршки инструменти итн. (ЦЕ 0297)

Начин на употреба:

Уверете се дека артиклите кои треба да се обработат се целосно навлажнети и исполети со раствор, без меури. По истекот на времето на контакт (дејство), темелно да се исплакнат со вода со квалитет кој е соодветен за понатамошната употреба на опремата/ инструментите (на пр: стерилна вода).

На овој начин, се избегнуваат несаканите интеракции и ефекти врз сите последователни рачни и механички третмани.

Пакување:

  • Gigasept® AF forte шише од 2 L
  • Gigasept® AF forte канистер 5 L