Aspirmatic / Aspirmatic cleaner

чистење, дезинфекција и заштита на системи за вшмукување

Основни карактеристики

  • Не содржи алдехиди
  • Едноставно и безбедно ракување
  • Докажан со многубројни практични тестови во водечките стоматолошки единици
  • Погоден за отстранување на сите видови на амалгамски остатоци
  • Без нарушувачко формирање на пена
  • Економична употреба

Места на примена:

Aspirmatic
За дневна дезинфекција,чистење и заштита на вшмукувачките системи и сливниците (плувалникот) за испирање на устата во стоматологијата.

Aspirmatic cleaner
За подржувачко неделно чистење на шмукувачките системи, сливниците за испирање на устата и одводни црева.

Начин на употреба:

Со 2% работен раствор од Aspirmatic® двапати дневно (наутро и навечер) да се направи циклусот на чистење / дезинфекција. За таа намена потребно е да се приготви 2 литри 2% работен раствор (1960 мл вода + 40 мл концетрат) ( 2 пати да се навали дозерот од 20 мл). Околу 1,5 литри од работниот раствор да се пропушти низ системите за вшмукување (цревата), а останатите 0,5 литри да се истурат во сливникот. Да се остави да делува 30 минути, а при вечерното чистење да се остави да делува преку цела ноќ.

Наш предлог е еднаш до двапати неделно да се направи специјално чистење со 5% Aspirmatic® cleaner. За таа цел потребно е да се приготви 2 литри 5% работен раствор (1900 мл вода + 100 мл концетрат) (5 пати да се навали дозерот од 20 мл). Околу 1,5 литри од работниот раствор да се пропушти низ системите за вшмукување (цревата), а останатите 0,5 литри да се истурат во сливникот. Да се остави да делува од 1 до 2 часа (за време на паузата за ручек). На крај од контактното време добро да се испере со вода. Важно: работниот раствор на Aspirmatic® cleaner да не се остава да делува преку ноќ или преку викенд!

При поголеми онечистувања или долг период на застој, може да се користи и 10% Aspirmatic®

Пакување:

Комплетот Aspirmatic® систем се состои од :

  • Aspirmatic® шише од 2L
  • Aspirmatic® cleaner шише од 2L
  • Aspirmatic® систем дозирачки контејнер за припрема и исфрлање на работниот раствор
  • дозер за шише од 2L
image
image

Производител