acid cleaner

Tечен концентрат за хигиенско чистење на површини

  • киселa pH вредност – спречува создавање на бигор
  • за сите области каде се бара хигиенска чистота
  • дерматолошки тестирана кожна компатибилност

Места на примена:

За употреба во сите професионални области каде се бара хигиенска чистота. Области во кои се употреба Аrcana® acid cleaner се: области на индустриско производство (површини, опрема, итн.), кујни и кантини, друштвени и санитарни области. Благодарение на способноста за лесно исплакнување, Arcana® acid cleaner е особено погоден да се користи на места каде се работи со храна.

Методи/инструкции за апликација:

Растворот за употреба се добива со додавање на концентрат во вода. Со навлажнета крпа со приготвениот раствор за употреба да се пребришат подовите и другите површини. Arcana® acid cleaner има добри чистачки карактеристики, исто така, ги отстранува онечистувањата кои содржат маснотии и протеини. Растворот за употреба е киселински (0.5% раствор - pH вредност 3.0), се суши од површините без да остава траги и нема потреба од пребришување.

Пакување:

  • Шише од 2 L
  • Канистер од 10 L